Home About Browse Search
Svenska


Buzarovska, Daniela, 2012. Optimization of agricultural production under climate change up to 2050 in Pelagonia region. Second cycle, A2E. Uppsala, Skopje: SLU, Dept. of Economics

[img]
Preview
PDF
2MB

Abstract

This study aims to illustrate the variation in crop area in Pelagonia region in 2050 due to increased irrigation requirements of crops. The allocation of the crop area depends on the net return per unit of crop area. On the other side, the net return is strongly related to the irrigation water requirements. Both, rain-fed and irrigated crops are expected to have higher water demand driven by the higher temperatures and reduced soil moisture because of the decreased precipitation and runoffs. This study uses three climate scenarios for 2050. The optimistic scenario (2050 Low) where predicted climate variations are mild and the outcome is more optimistic, the most realistic scenario (2050 Medium) with the most expected outcome and pessimistic scenario (2050 High) with the highest variations in temperature and precipitation and the most negative outcome. The future climate change scenarios are subject to comparison with the Base case scenario that is a plausible interpretation of the today’s climate conditions. The technique of linear optimization is used to identify the best cropping pattern under given constraints. The proposed methodology is applied to assess the economic value of the crop production in Pelagonia region given the climate change.
The study examines alternative crop production pattern in Pelagonia region which is one of the most important agricultural region in the Republic of Macedonia. The study is underpinned only by the climate variations in the forthcoming period, using assumptions and features such as constant ratio between price and costs in 2050, as in 2010. Other socio-economic factors including price movements based on future supply and demand, investments in agricultural productivity, technology and infrastructure, as well as other production factors are not taken into consideration in this study.
The findings of the study show that due to climate divergences in 2050, the crop structure differs in various climate scenarios. In general, the more severe climate in 2050 will cause decrease in net returns by 11% in the most optimistic scenario (2050 Low) and 22% in the pessimistic scenario (2050High), if no adaptation measures are applied. The production of the low profitable crops (cereals, industrial and fodder crops) will be reduced to their minimal levels, while the production of high profitable crops such as vegetable, especially green pepper, tobacco and other crops that increase net return per crop area should be intensified. The strategy of greater specialization in commodities in which Macedonia has a comparative advantage and potential trade with other countries which have comparative advantage in other commodities might prove to be economically efficient and valuable for both countries.

,

Оваа студија има за цел да ги илустрира промените во производната структура во пелагонискиот регион во 2050 година како резултат на зголеменото барање за наводнување на културите. Распределената површина по култура е зависна од нето добивката по единица површина. Од друга страна, нето добивката е силно поврзана со барањата за вода за наводнување. И наводнуваните и ненаводнуваните култури се очекува да имаат зголемени потреби од вода поради повисоките температури и намалената влажност во почвата како резултат на намалените врнежи и истеци. Ова истражување користи три климатски сценарија за 2050 година. Во оптимистичко сценарио (2050 нискo), кое предвидува поблаги климатски промени резултатот е пооптимистички, реалното очекувано сценарио (2050 средно) со најверојатен исход и песимистичко сценарио (2050 висок) каде варијациите во температурата и врнежите даваат најнеповолен исход. Сценаријата за климатските промени се предмет на споредба со основното сценарио како веродостојна интерпретација на тековните климатските услови. Техниката на линеарно програмирање се користи да се идентификува најсоодветната производна структура земајќи ги предвид дадените ограничувања. Предложената методологија се примени за да се оцени економската вредност на растителното производство во Пелагонискиот регион при климатски промени.
Студијата испитува алтернативни комбинации на растителното производство во Пелагонискиот регион кој е еден од најважните земјоделски регион во Република Македонија. Студијата се фокусира само на климатските промени во наредниот период и користи одредени претпоставки како постојан сооднос меѓу цената и трошоците во 2050 година, како и во 2010 година. Другите социо-економски фактори, вклучувајќи го движењето на цените врз основа на идната понуда и побарувачка, инвестициите во земјоделското производство, технологија и инфраструктура, како и други производни фактори не се земени во предвид во оваа студија.
Резултатите покажуваат дека поради климатските разлики во 2050, структурата на култури е различна во различните климатски сценарија. Генерално, влошувањето на климатските услови во 2050, ќе доведе до намалување на нето доходот од 11% во најоптимистичкото сценарио (2050 ниско) до 22% во песимистичкото сценарио (2050 високо), доколку соодветни мерки на адаптација не бидат превземени. Сепак, производството на нискодоходовните култури (житни, индустриски и фуражни растенија) треба да биде доведено на минимум, а поголем акцент треба да се стави на високодоходовните култури како зеленчук, особено производството на зелена пиперка, тутун и други култури кои го зголемуваат доходот по единица површина. Стратегијата на специјализација во производи во кои Македонија има компаративна предност и потенцијалната трговска размена со други земји специјализирани во производство на други производи би можела да се покаже како економски ефикасна и корисна за обете земји.

Клучни зборови: оптимизација на земјоделското производство, климатски промени, потреби за наводнување, пелагониски регион, стратегии за наводнување, линеарно програмирање, мерки на прилагодување

Main title:Optimization of agricultural production under climate change up to 2050 in Pelagonia region
Authors:Buzarovska, Daniela
Supervisor:Andersson, Hans and Gjosevski, Dragan
Examiner:Hakelius, Karin
Series:Examensarbete / SLU, Institutionen för ekonomi
Volume/Sequential designation:763
Year of Publication:2012
Level and depth descriptor:Second cycle, A2E
Student's programme affiliation:None
Department:(NL, NJ) > Dept. of Economics
Keywords:optimization of agricultural production, climate change, irrigation strategies, linear programming, adaptation measures
URN:NBN:urn:nbn:se:slu:epsilon-s-1931
Permanent URL:
http://urn.kb.se/resolve?urn=urn:nbn:se:slu:epsilon-s-1931
Subjects:Economics and management
Language:English
Additional Information:Handledare Skopje: Dragan Gjosevski, Ss. Cyril and Methodius University - Skopje (UKIM), Institute of Agricultural Economics, Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje
Deposited On:20 Dec 2012 16:46
Metadata Last Modified:20 Dec 2012 16:46

Repository Staff Only: item control page

Downloads

Downloads per year (since September 2012)

View more statistics

Downloads
Hits